Ентони Марсијал најверојатно ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед, иако изминатите месеци медиумите шпекулираа дека тој има намера да замине од „Олд Трафорд“. Интерес за младиот крилен напаѓач има кај неколку врвни европски клубови, меѓу кои се Јувентус, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
Парите ќе го решат незадоволството на Марсијал. Откако тој не прифатил неделната плата да му биде зголемена од 75.000 на 160.000 фунти, челниците на Јунајтед заклучиле дека треба да му понудат уште повеќе пари.
Наводно, најновата понуда што му била доставена на фудбалерот подразбира пет годишен договор, со неделна плата од 190.000 фунти. Доколку Марсијал ја прифати понудата тоа значи дека за пет години од договорот ќе инкасира речиси 57 милиони фунти.