Селекторот на фудбалската селекција на Белгија, Роберто Мартинез ги отфрли шпекулациите кои се појавија денеска во бројни европски медиуми дека тој ќе е наследникот на Роналд Куман на клупата на Барселона. Меѓу кандидатите за нов кормилар на каталонскиот клуб се споменуваат и имињата на Андреа Пирло и Антонио Конте.
„Како што претпоставувате – немам што да кажам. Тоа се гласини, секогаш ги има, тоа е нормално во фудбалот. Кога ќе загубиш три натпревари, се појавуваат гласини дека ќе ја загубиш работата. Кога работите одат добро, кога има резултати и тогаш ќе има гласини. Во овој момент немам коментар“ вели тој.
По 6 кола во Ла Лига, Барселона е осма на табелата со 2 победи и 2 нерешени, со два меча помалку од водечкиот Атлетико Мадрид.
Мартинез, пак, е селектор на „ѓаволите“ од 2016 година. На клупско ниво 48-годишниот Шпанец бил предводник на Свонси, Виган и Евертон.