Top Sport

Мата доби награда од шпанската кралица Софија

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Хуан Мата ја доби наградата „Кралица Софија“ од рацете на шпанската кралица за неговата работа со добротворната фондација „Заедничка цел“.

Шпанецот ја формираше фондацијата во август 2017 за да помогне на неколку места низ целиот свет, така што дел од фудбалските ѕвезди се обврзаа да дадат барем 1 отсто од својата плата за добротворни цели. За оваа работа, тој беше примен во кралската плата „Ел Пардо“ во Мадрид и ја доби наградата директно од краилцата.

Досега, организацијата успеа да обврзе 426 фудбалери кои даваат процент од платата, вклучувајќи ги Каспер Шмајхел (Лестер), Џорџо Кјелини (Јувентус) и Матс Хумелс (Баерн Минхен).

И претседателот на УЕФА се приклучи на „Заедничка цел“ на Мата

Scroll to Top