Top Sport

Матераци му врати на Златан: Да не заминеше, немаше да победиме! (видео)

Откако Златан Ибрахимовиќ ја раскажа приказната како го „пратил“ Марко Матераци во болница по четири години ривалство со стартот во 2006 година, поранешната легенда на Интер реши да му одговори саркастично на Инстаграм.

Матераци објави фотографија од тимот на Интер кој ја освои тројната титула во 2009/10, со капитенот Хавиер Занети и големиот трофеј од Лигата на шампионите, голем трофеј кој недостасува во кариерата на Швеѓанецот.

„Дојдов… Видов… Освоив… Секогаш и во секој случај, БЛАГОДАРАМ, Ибрахимовиќ. Без тебе немаше да победувам“, напиша Матераци.

Ибрахимовиќ си замина од Интер во Барселона летото пред „нераѕурите“ да ја освојат титулата во „замена“ за Самуел Ето, кого Матераци не го заборави во постот.

Ибрахимовиќ раскажал како го испратил Матераци в болница

Scroll to Top