Top Sport

Сè се откажува, но не и Хабиб-Фергусон, инсистира шефот на УФЦ

Иако речиси целиот свет, посебно спортскиот е во „локдаун“, тоа не го спречува претседателот на УФЦ, Дејна Вајт да инсистира дека најголемиот меч во УФЦ во 2020 нема да се откаже.

Долгоочекуваниот дуел меѓу УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон требаше да се оддржи во Њујорк на 18 април, но поради корона вирусот оваа локација не е достапна, што не значи дека ќе дојде и до откажување.

„Знам каде ќе биде мечот, но уште не сум подготвен да ви кажам. Нема да има фанови таму, ќе биде затворен настан“, вели Вајт.

Како ќе се изведе ова останува да се види откако Нурмагомедов вчера се врати во Русија и сега мора да биде 14 дена во изолација, а во САД повеќето јавни собирања се забранети. Сепак, УФЦ поседува посебен објект во Лас Вегас, кој може да се искористи за мечот.

„Сите кои ќе бидат вклучени во ова ќе бидат бидејќи го сакаат тоа, а не бидејќи мораат. Размислувавме за безбедноста и пред да се појави корона вирусот. Здравјето и безбедноста секогаш се гарантирани кај нас“, додава Вајт.

Scroll to Top