Top Sport

Одигра 48 минути ќе заработи 28 милиони евра

ФИФА му наложи на Лидс да му плати 28 милиони евра на францускиот фудбалер Жан-Кевин Аугустин.

Тој во клубот дојде на позајмица од Лајпциг во јануари 2020 година.  Лидс се согласи да го откупи неговиот договор доколку се врати во Премиерлигата.  Лидс успеа да се врати во најсилната англиска лига, но не го откупи договорот. Пред две години Лајпциг го тужеше англискиот клуб и со пресуда на ФИФА доби околу 20 милиони евра.

Проблемите на Лидс не завршија тука, бидејќи фудбалерот тужеше. Аугустин побара од ФИФА, Лидс да му го плати целосниот петгодишен договор што требаше да го потпише во јуни 2020 година. Сега ФИФА пресуди во негова корист, а Лидс ја обжали оваа пресуда до Судот за спортска арбитража.

Аугустин одигра само три натпревари и вкупни 48 минути за Лидс. Кариерата ја почна во ПСЖ од каде во 2017 година замина во Лајпциг. Во Базел е од минатата година.

Scroll to Top