Постариот брат на Пол Погб, Матијас преку бизарно видео на социјалните мрежи вети дека ќе открие „експлозивни“ информации за фудбалерот на Јувентус и за други фудбалски ѕвезди.
„Француската, англиската, италијанската и шпанската јавност, во други зборови целиот свет, како и фановите на мојот брат, на Јувентус и на француската репрезентација, неговите спонзори и соиграчи треба да знаат одредени работи. За да направат вистинска одлука околу тоа дали тој ја заслужува почитта и љубовта на јавноста. Дали го заслужува местото во францускиот тим и честа да се игра на Светското првенство. Дали заслужува да биде стартер во Јувентус. Дали е личност од доверба и дали заслужува играчите да бидат покрај него“, вели 32-годишниот Матијас Погба.
За Мбапе, тој додава: „Ќе ви кажам важни работи за него и ќе има сведоци кои ќе ги потврдат моите зборови“.