Top Sport

Матиќ побарал итен состанок со Солскјер

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ во наредните денови би можел да го напушти Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми пишуваат дека Матиќ побарал состанок со тренерот Оле Гунар Слолскјер од кого сака да слушне какви се неговите планови.

Наводно Матиќ имал понуда и сериозно размислувал да ја прифати, но пред да донесе одлука сакал да разговара со Солскјер.

ЕСПН, тврди дека Матиќ добил понуда од Милан. Сепак, Матиќ ќе побара трансфер само во случај Солскјер да му каже дека нема да смета на неговите услуги наредната сезона.

Матиќ играч на Јунајтед стана во 2017 година кога пристигна од Челси за 40 милиони фунти.

Scroll to Top