Top Sport

УЕФА парично ги казни Црвена звезда и Олимпија

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни фудбалскиот клуб Црвена звезда поради кршење на финансискиот фер-плеј. Покрај српскиот шампион УЕФА ги казни Олимпија од Љубљана и Ордабаси. Овие клубови навреме не ги покриле навреме долговите.

Црвена звезда во касата на УЕФА ќе мора да уплати 50.000 евра. Во соопштението се додава дека црвено-белите ги покриле долговите но не го испочитувале договорениот рок.

Олимпија се казнети со 75.000 евра.

Најлошо помина клубот од Казахстан. Ордабаси ќе бидеат исфрлени од сите натпреварувања на УЕФА во наредните две години доколку до 31 јануари не ги исплатат заостанатите долгови. Овој клуб исто така е казнет и парично со 100.000 евра.

Scroll to Top