Блез Матуиди, еден од тројцата фудбалери на Јувентус кои имаа позитивни тестови на корона вирусот, признава дека дијагнозата го направила „психотичен“ и дека најголемото влијание било психолошко.
Французинот имаше позитивен тест на КОВИД-19 заедно со колегите Даниеле Ругани и Пауло Дибала, и иако оттогаш целосно се опорави, признава дека бил „во шок и тотална паника“.
„Искрено, беше тешко. Кога добив позитивен тест не смеев ниту да одам на шопинг. Тоа ме направи психотичен. Се обидуваш да осигураш луѓето да не се премногу блиску, и мораш да ја заддржиш менталната сила. Немав симптоми, но веднаш кога ги чув вестите бев во шок. Тотална паника, се плашев за моето семејство и за пријателите. И за нив беше тешко, но успеав да ги разубедам. Ова не беше најдобро време и навистина сакам да заврши што е можно побргу. Сега се прашувам што ќе се случи со фудбалот и со секојдневието“, признава Матуиди.