Top Sport

Мауро Икарди ја заборави Ванда Нара, си ќари турска актерка

Мауро Икарди очигледно веќе ја заборавил Ванда Нара, со оглед дека турските медиуми откриваат дека е во љубовна врска со турска актерка која има 24 години и која редовно ги следи натпреварите на неговиот нов клуб Галатасарај. Како што се пишува во Турција, постојат силни аргументи дека тие двајца се силно заљубени.

Се започна со фотографија на која се појавија Мауро Икарди и неговиот соиграч Лукас Тореира. Една од девојките со нив е 24-годишната турска актерка Деврим Озкан. Малкумина забележуваат дека рацете на Мауро Икарди и Деврим Озкан се споени, но тоа не помина незабележано кај медиумите во Турција.

Деврим Озкан важи за една од најубавите турски актерки, има 24 години и ужива голема популарност во земјата каде што турските серии се омилениот облик на релаксација.

Бурната љубовна приказна меѓу аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди и Ванда Нара останува актуелна и по нејзиниот крај. И додека поранешната сопруга на Макси Лопез веќе е во врска со аргентински рапер, сега фудбалерот го поврзуваат со позната турска актерка.

Scroll to Top