Top Sport

Французинките ја декласираа Романија, Полска ја изненади Шпанија

Репрезентацијата на Франција стигна и до втора убедлива победа на Европското првенство во ракомет. Французинките ја декласираа Романија со 31:19 и покажаа дека се убедливо најдобра селекција во групата каде се наоѓа и Македонија.

На полувреме водеа со 17:11, а најфикасна беше Фопа со шест постигнати гола.

Во групата Д, Полска ја изненади Шпанија и ја победи со 22:21. Селекцијата на Шпанија имаше водство од 20:16, но со одличен финиш ракометарките на Полска дојдоа до триумф.

Scroll to Top