Пари Сен-Жермен вчера ја потврди својата осма титула со 3:1 победа во Монако во дербито на 33. коло во Лига 1, а свое шоу имаше Килијан Мбапе со нов фантастичен хет-трик, за да ја надмине границата од 30 постигнати голови во една сезона.
Мбапе, исто така, постави уште еден рекорд – истрча спринт со просечна брзина од 38 км/ч, што за споредба е повисока брзина од просечната брзина со која Јамајчанецот Јусеин Болт го сруши светскиот рекорд на 100 метри.
Досега, најголема забележана брзина на еден фудбалски меч ја забележа Арјен Робен од Баерн Минхен со 37 км/ч на СП во Бразил.
Faster than Usain Bolt? PSG star Kylian Mbappe clocking to sprint at 38km / h vs. Monaco https://t.co/NevZvnT2op pic.twitter.com/GxX9Hpj7EF
— XpressNews (@xpressnewsasia) April 22, 2019