Франција не успеа да ја одбрани титулата на Светското првенство. Пред три дена Аргентина славеше во драмтичното финале на „Лусаил“ стадионот во Доха.
Французите одиграа катастрофално во првото полувреме, кое Аргентина го доби со 2:0. Сепак со головите на Мбапе во 80. и 82.минута, триколорите се вратија во натпреварот. Продолженијата донесоа по еден гол на двете страни, а потоа Аргентина го доби пенал-рулетот.
На социјалните мрежи се појави видео од говорот на Мбапе, пред стартот на второто полувреме.
„Не можеме да бидеме полоши. Можеме да се вратиме, мораме некако да го истуркаме ова. Примивме два гола, но можеме да се вратиме. Да го е**м, момци, ова се случува на секои четири години“.
Сите беа сериозно сериозни, никој не кажа ниту еден збор, дури ни селекторот Дидие Дешам кој нервозно кружеше низ соблекувалната.
Kylian Mbappé at half-time of the World Cup final in the France dressing room:
“We can’t do worse. We come back on the pitch, we must pull it off. We conceded 2 goals, we can come back. F*** guys, this is once every 4 years, f***!”
A leader.pic.twitter.com/LgDEUnDnaU
— The KM7 Timeline. (@7imelineKMbappe) December 21, 2022