Top Sport

Мбапе го смени рекордниот дрес со фудбалер чија ќеркичка почина пред две недели

Иако честопати обвинуван дека мисли само на своето его и на ништо друго, Килијан Мбапе покажа дека има срце, откако по крајот на рекордниот меч против Нант го смени дресот со напаѓачот Игнатиус Ганаго, чија петгодишна ќеркичка почина пред две недели.

Мбапе го постигна својот 201. гол за ПСЖ, рушејќи го рекордот на Единсон Кавани во меч во кој и Ганаго беше стрелец. Ќеркичката на Ганаго, Клои почина минатиот месец на само пет години по долга болест. По мечот на „Паркот на принцовите“, Мбапе му пријде на Ганаго во тунелот и му го подари дресот, по што го прегрна.

Scroll to Top