Килијан Мабпе имал жестока расправија со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи во неделата вечерта, пред натпреварот со Тулуз, последниот домашен натпревар на ПСЖ во првенството и последниот на Мбапе на „Паркот на принцовите“ како играч на „светците“.
Наводно, катарскиот милијардер му замерил на Мбапе бидејќи Французинот не го спомнал во неговото проштално видео, кое пред натпреварот беше прикажано на големиот екран на стадионот во Париз.
Според „Ле Парисиен“, дошло до жестока расправија меѓу Мбапе и Ал-Келаифи, кои не зборуваат откако Мбапе објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
„Ѕидовите се тресеа“, пишува францускиот весник за расправијата меѓу Мбапе и Ал-Келаифи..
Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и забележа 108 асистенции за ПСЖ на 307 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите.
Веќе некое време е незадоволен и сака да си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.
Месечно заработува околу шест милиони евра бруто (2,7 милиони нето), а доби бонус од 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот, кој требаше да трае до три години. Но, во тој договор постои клаузула според која може да замине бесплатно по две сезони и тој реши да ја искористи таа опција.
Ова го налути Ал-Хелаифи, но и покрај оваа и жестоката вербална пресметка со него во неделата, Мбапе синоќа реши да се раздели со него со изрази на благодарност и почит. На церемонијата на која беше прогласен за најдобар играч во сезоната на француската лига, тој рече:
„Им благодарам на сите луѓе во клубот и на претседателот. Ќе ми недостигаат. Но, заминувам со крената глава”. Иако одамна се знаеше кога и каде заминува Мбапе, тој одбива да го спомене Реал.
Вака одговори на новинарското прашање каде ќе ја продолжи кариерата.
„Се во свое време. Засега можам само да кажам дека заминувам од ПСЖ. Што се однесува до останатото, се уште не е време за тоа. Татко ми сакаше да влезам во историјата на Лига 1 пред да заминам Тоа беше долго патување и среќен сум што успеав да го сторам тоа“.