Откако ќе заврши пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19 ништо нема да биде исто во светото на фудбалот. Финансиската криза што ги зафати клубовите ќе се почувствува и на трансфер-пазарот. Најавите се дека неколку години нема да има трансфери од над 100 милиони евра. Специјализираниот портал за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“ ја објави моменталната цена на најдобрите фудбалери на денешнината. Забележливо е дека цените се пониски во однос на минатиот месец.
Прв на листата е Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен чија цена „паднала“ за 20 милиони евра. Најдобриот играч во светот Лионел Меси се наоѓа на деветтата позиција, тој вреди 28 милиони евра помалку од пред еден месец. Кристијано Роналдо се наоѓа на 46 место, цената му „паднала“ за 15 милиони евра. Најскап играч од регионот е голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак. Словенецот се наоѓа на 19 место, а проценет е на 80 милиони евра.
Топ 10:
1. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 180 милиони евра
2. Рахим Стерлинг (Манчестер сити) – 128 милиони евра
3. Нејмар (ПСЖ) – 128 милиони евра
4. Садио Мане (Ливерпул) – 120 милиони евра
5. Мохамед Салах (Ливерпул) – 120 милиони евра
6. Хари Кејн (Тотенхем) – 120 милиони евра
7. Кевин Де Брујне (Манчестер сити) – 120 милиони евра
8. Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) – 117 милиони евра
9. Лионел Меси (Барселона) – 112 милиони евра
10. Трент Александер-Арнолс (Ливерпул) – 99 милиони евра.