Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер вели дека критичарите се против „ѓаволите“ бидејќи се љубоморни на минатите успеси на тимот, кој го нарече најголемиот на светот.
Мегваер беше еден од најкритикуваните фудбалери на „ѓаволите“ последните месеци, посебно по поразот од Башакшехир, но 27-годишниот англиски репрезентативец вели дека мотивите честопати не се толку „чисти“.
„Во овој клуб сум веќе година и пол и едно нешто веднаш се забележува – за нас најмногу се зборува на светот. Зошто? Бидејќи се најголемиот клуб на светот и луѓето не сакаат да успееме. Зошто? Поради големите успеси во минатото. Мораме да живееме со тој притисок, да реагираме и да не дозволиме негативни работи во нашиот клуб. Понекогаш е тешко за некои момци“, вели Мегваер.
Love this, @HarryMaguire93 ©️#MUFC #EVEMUN pic.twitter.com/6XsnRhS2dn
— Manchester United (@ManUtd) November 7, 2020