Капитенот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер е пуштен да се брани од слобода откако ноќта ја минал во притвор, во полициска станица на грчкиот остров Миконос.
Мегваер и неколку негови пријатели физички се пресметале синоќа пред еден бар во центарот на Миконос. Полицајците кои пристигнале за да ја прекинат тепачката биле нападнати од англиските државјани.
„Тројца државјани на Англија најпрвин вербално, а потоа и физички ги нападнале полицајците. Откако биле совладани тие со лисици на рацете биле спроведени во полициската станица каде ја минале ноќта. Меѓу нив бил и Мегваер. Тој е пуштен утринава, се сочува со кривична пријава поради напад на службено лице. Во наредните неколку дена ќе биде изведен пред судија на блискиот остров Сирос“, пишуваат грчките медиуми.
На социјалната мрежа „Твитер“ се појави видео за кое снимателот тврди дека во него е и Мегваер.
leaked footage harry maguire tearing it up in mykonooos before police arrive #harrymaguire #mykonos pic.twitter.com/74B1vxrwtS
— Luke⚡️ (@1lukerobertson) August 21, 2020