Top Sport

Њукасл тргнува по Хари Мегваер?

Њукасл сè уште не заврши со својата летна селекција. Менаџерот Еди Хау размислува за интересен трансфер во последните денови од преодниот рок. Тој се насочил кон дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

„Чавките“ загубија два од првите три натпревари од сезоната. Тие играа против Манчестер Сити и против Ливерпул, но во клубот сакаат тимот да биде конкурентен против овие тимови и затоа се подготвени да го одврзат ќесето за нови засилувања на крајот од летниот преоден рок.

30-годишниот централен дефанзивец е свесен дека нема да добие многу шанси за настап во новата сезона во Манчестер Јунајтед. Сепак, тој досега не сакаше да го напушти „Олд Трафорд“, по интересот од Вест Хем. Тој ја одби понудата на „чеканите“ бидејќи мораше да прифати сериозно намалување на платата.

Сепак, Њукасл може да му понуди многу повеќе, како и настап во Лигата на шампионите оваа сезона.

 

Scroll to Top