Top Sport

Мејсон Гринвуд е уапсен со обвинение за насилство и силување

Полицијата во Манчестер потврди дека уапсила една личност по обвиненијата против напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, а британските медиуми тврдат дека младиот англиски репрезентативец е уапсен по објавите на социјалните мрежи на неговата долгогодишна девојка Хериет Робсон.

Робсон објави серија на фотографии од нејзините повреди од нападот од Гринвуд, и аудио-снимка во која го обвинува фудбалерот за физички, но и сексуален напад. Манчестер јунајтед веднаш реагираа со објава дека тој е суспендиран и нема да тренира, ниту да игра со тимот, а дел од соиграчите на 20-годишниот Англичанец го „избришаа“ од социјалните мрежи.

„По истрагата можеме да потврдиме дека еден маж од 20-тина години е уапсен со сомнеж за силување и напад“, објави полицијата во Манчестер.

Според британските закони, пресуда за силување носи максимална казна од доживотен затвор, а минимална од 5 години затвор.

Манчестер јунајтед го суспендираа Гринвуд, полицијата потврди истрага

Scroll to Top