Top Sport

Меси: Бразилскиот Роналдо е најдобриот напаѓач кој сум го видел

Легендата на аргентинскиот фудбал, Лионел Меси во интервју за домашниот „ТиЦ спорт“ канал зборуваше за тоа кој е најдобриот фудбалер кој тој имал чест да го гледа, за повредите и за соништата за иднината.

Иако најголемата слава во кариерата ја помина како фудбалер на ривалскиот Реал Мадрид, а покрај тоа се работи и за Бразилец, со кои Аргентинците имаат вечно ривалство, Меси признава дека Роналдо Назарио бил најдобриот.

„Роналдо беше феномен. Од сите напаѓачи кои сум ги гледал како играат, тој беше убедливо најдобриот. Неверојатен човек“, вели Меси.

Тој зборуваше за уште еден Бразилец кој имал големо влијание на него – поранешниот соиграч Роналдињо.

„Роналдињо ми помогна многу. Дојдов во соблекувалната на Барселона на 16-17 години, а покрај мене беа тие фудбалски великани. Но, тој најде време за мене и направи да се чувствувам удобно и тоа ме опушти. За жал не игравме многу години заедно, и навистина ми недостасуваше тоа. Сега, веќе пет години играм со Луис Суарез. Кога играш три меча неделно заедно, се наоѓаш. Имаме деца на иста возраст и партнерството е подобро со секој нареден ден“, вели Меси.

Scroll to Top