Top Sport

Јужна Африка против Англија за светската титула во рагби (видео)

Англија го изненади фаворитот за титулата Нов Зеланд со убедлива 19:7 победа за да се пласира во финалето на Светскиот куп во рагби во Јапонија, каде што ќе игра со репрезентацијата на Јужна Африка, која во драматична завршница со 19:16 спречи Велс да стигне до своето прво финале во историјата.

Јужноафриканците имаа 16:9 водство против Велс, откако Дамиен де Аленде успеа да се пробие, но Велшаните се вратија со скок на Џош Адамс да израмнат на 16:16. Во драматичните последни 10 минути, Велшаните неколку пати се обидоа да стигнат до поен, но на крајот, Хандре Полард со „пенал“ во 76. минута го донесе клучниот поен за победа.

Претходно, во саботата, Англичаните ставија крај на надежите на „Ол блекс“ за трета светска титула во низа, прекинувајќи ја низата од 18 победи едноподруго, која траеше од 2011 година.

Англија и Јужна Африка ќе го играат своето финале во Јокохама во сабота, додека Велс и Нов Зеланд ќе играат во петок во Токио за бронзениот медал.

Scroll to Top