Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси донирал милион евра во борбата против коронавирусот.
Играчот на Барселона решил да им ги подели парите на болниците во Барселона и Росарио. Пола од парите Меси ги уплатил на сметката на главната болница во Барселона, додека остатокот го наменил за медицинскиот центар во неговиот роден град, Росарио.
„Лионел Меси и донираше пари на клиниката за борба против коронавирусот. Ти благодариме Лео за поддршката и помошта“, се наведува во пораката испратена од болницата во Барселона.