Реал без Кристијано Роналдо е во агонија, а Барселона со Лионел Меси е во екстаза. По 18.коло во Ла Лига, Барселона има десет бода предност пред Реал, за играчите борбата за титулата е мислена именка, а како играат ќе треба да се насочат само на борбата за местата што водат во Лигата на шампионите.
Барселона е супериорна, а во Шпанија ќе слушнете муабети дека долго време од Мадрид, конкурент за титулата е Атлетико, а не Реал. Атлетико на втората позиција има пет бода минус во однос на Барселона, а исто толку е во плус во однос на „кралскиот клуб“.
Ако и не беше досега јасно, сега сигурно сите се уверија дека Реал без Роналдо е друг тим, тим на кого му е потребен целосен ремонт.
Ефиксноста трпи, а Бензема, Асенсио, Бејл, Рамос, Иско и останатите се мачат да постигнат гол. Статистиката тоа го покажува најдобро, односно покажува колкаво е влијанието на Меси во играта на Барселона.
Реал во досегашните 18 првенствени натпревари има постигнато 26 гола, а Аргентинецот директно учествувал во 27 гола и тоа на 16 натпревари што ги постигнале Барселона.
Меси, два меча пропушти поради повреда, а досега во Ла Лига има забележано 16 гола и 11 асистенции.