Top Sport

Меси е спортистот со најголема заработка во последните 12 месеци

Лионел Меси, ѕвездата на ПСЖ и аргентинската репрезентација и за многумина најдобар фудбалер на сите времиња, во последните 12 месеци заработил 125.000.000 евра, објави американскиот магазин „Форбс“.

Десетте спортисти со најголема заработка во тој период заедно се приближија до бројката од 1.000.000.000 евра.

Зад Меси е разочарувачка сезона, барем во однос на офанзивните перформанси. Според „Софа Скор“, Меси е играчот со најслаб учинок меѓу сите напаѓачи кои се натпреваруваат во петте најсилни европски лиги. Неговиот процент на реализација е слаби 5,4 отсто, односно Меси постигна гол по приближно 19 удари кон противничкиот гол.

Тој постигна само четири првенствени гола за ПСЖ, кој сезонава му плати 72.000.000 евра. Останатите до 125 милиони евра се претежно спонзорски пари.

На второто место на листата е Леброн Џејмс со заработка од 116 милиони евра. Лос Анџелес Лејкерс за својата Ѕвезда издвои 40.000.000 евра, додека тој од паркетот заработи 76.000.000.

Заедно со Меси и Џејмс, единствениот спортист кој ја преминал границата од 100.000.000 евра е Кристијано Роналдо (110.000.000 евра).

 

Scroll to Top