Top Sport

„Меси и Мардона се фудбалски богови, но Меси е број 1“

Селекторот на Шпанија Луис Енрике беше замолен да даде коментар за двајца најславни аргентински фудбалери, Диего Армандо Марадона и Лионел Меси.

dobivaj vesti na viber

Лионел Меси како и обично беше клучниот човек во аргентинскиот тим во саботата. Неговиот гол ја најави победата над Австралија. Воедно, Меси со тој гол го собори рекордот на сонародникот Диего Марадона, како и на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо по број на голови на Светските првенства.

Селекторот на Шпанија за „ривалството“ меѓу Меси и Марадона вели:

„Не разбирам зошто луѓето се уште инсистираат на овие споредби. И двајцата се фудбалски богови, а Аргентина има среќа што има двајца такви играчи во својата историја. Марадона беше уникатен, тој речиси сам го водеше тимот до победа на Светското првенство во 1986 година, но играта оттогаш многу се промени. Денес е многу потешко да се направи нешто такво“, изјави Луис Енрике и додаде:

„За мене Меси е неприкосновен број еден во историјата.“

Репрезентацијата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство ќе се сретне со Холандија. Натпреварот е закажан за 9.декември.

Scroll to Top