Лионел Меси признава дека бил толку возбуден од присуството на Тјери Анри на „Ноу камп“, што се срамел да погледне во лицето на Французинот.
Откако стана еден од најдобрите напаѓачи на светот во дресот на Арсенал, Анри во 2007 година пристигна во Барселона со договор од 16 милиони фунти. Французинот постигна 228 гола со „топчиите“ и кога пристигна во Каталонија беше суперѕвезда, додека Меси беше (уште) само еден ветувачки млад фудбалер.
И додека Меси во својата кариера играл покрај многу познати фудбалски имиња, признава дека само Анри го воодушевувал.
„Првиот ден кога влезе во соблекувалната, не се дрзнував да го погледнам во лице. Знаев што направи во Англија и имав некоја голема претстава за него, и одеднаш тој ми беше клупски колега. Го сакав Хенри. Неговата леснотија на завршување на акциите, нековиот пат до голот. Тој даваше впечаток за природен фудбал. Неговата кариера, неговите дриблинзи, последниот допир на топката – тоа беше подвижно, пропорционално“, вели Меси во интервју за „Л’Екип“.
Анри ја освои толку посакуваната титула од Лигата на шампионите покрај Меси за да ја комплетира колекцијата трофеи, додека самиот Меси стана легенда на клубот со 627 гола во 718 меча за клубот.