Top Sport

Меси сениор демантира дека неговиот син си заминал од тренинг на ПСЖ

Хорхе Меси, таткото и агентот на Лионел Меси преку социјалните мрежи ги отфрли шпекулациите околу неговиот син и неговата ситуација во Пари Сен-Жермен, по вестите дека Аргентинецот си заминал без дозвола од тренинг на тимот.

Околу иднината на Меси подолго време има големи шпекулации во Европа, бидејќи неговиот договор со ПСЖ завршува на крајот на сезоната и тој уште нема договор за продолжување. Меси сениор преку Инстаграм ги отфрли шпекулациите дека Меси в петок го напуштил тренингот на ПСЖ по конфликт со тренерот Кристоф Галтие. Тој исто така демантираше дека Меси барал 600 милиони евра од саудискиот Ал-Хилал и дека ПСЖ не ги прифаќа неговите услови за нов договор.

„До кога ќе лажат? Каде се доказите? Тоа се само лажни вести. Не верувајте во ништо. Нема да трпиме нови измислици само за да добијат следбеници“, напиша Хорхе Меси.

Scroll to Top