Лионел Меси сруши еден рекорд со голот против Славија Прага во Лигата на шампионите, и во исто време се израмни со две легенди на Реал Мадрид (Роналдо и Раул).
Меси постигна гол по само три минути од мечот во Прага, за прв гол во европските натпреварувања оваа сезона, користејќи ја грешката на одбраната на домашниот тим. Со ова, тој стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол во 15 последователни настапи во Лигата на шампионите, низа која започна од 2005/06.
Славија исто така стана 33. различен тим на кој Меси му дал гол, со што се израмни со поранешните фудбалери на Реал Мадрид, Раул и Кристијано Роналдо. Тројцата, очекувано се најдобрите стрелци во ЛШ – Роналдо со 127 гола, Меси со 112 гола и Раул со 71 гол.
Во вторникот, Меси загуби еден рекорд, откако Килијан Мбапе постигна хет-трик за ПСЖ, за да стане најмладиот фудбалер со 15 гола во ЛШ. Мбапе го направи тоа на 20 години и 306 дена, а Меси до 15-тиот гол стигна кога имаше 21 година.
From 2005-06 to 2019-20
Leo #Messi has become the first player in history to score in 15 consecutive @ChampionsLeague seasons! pic.twitter.com/IM3tnb3R5V
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 23, 2019