Лионел Меси имаше рекорден настап за за Барселона, го постигна единствениот гол за неговиот тим, но каталонците успеаја да загубат поен во финишот на мечот со Кадиз, одигрувајќи 1:1 на мечот со Кадиз за да останат на осум поени од лидерот Атлетико Мадрид во Ла лига.
Меси со стартувањето на „Ноу Камп“ стана фудбалер на Барселона со најмногу настапи во Ла лига, дури 506, поминувајќи го легендарниот поранешен соиграч, Чави Ернандез.
Тој беше стрелецот на единствениот гол на Барса во 23. минута, кога по досудениот пенал остана смирен и од белата точка донесе водство, кое траеше до 89. минута, кога и гостите добија пенал, а Алекс Фернандез беше сигурен.
Сега, каталонскиот клуб останува на третото место на табелата во 47 поени, осум помалку од лидерот Атлетико и четири зад Реал Мадрид (кои имаат натпревар повеќе). Кадиз се на 14. место со 25 поени, откако ја прекинаа низата од четири порази по ветувачкиот старт на сезоната.