Аргентинската ѕвезда Лионел Меси со репрезентацијата дојде на чекор до остварување на сонот, освојување на трофејот на Светското првенство во Катар откако синоќа „гаучосите“ славеа над Хрватска со 3:0. Можеби и малку изненадувачки, тој истакна дека в недела ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Аргентина, и тоа во мундијалското финале.
„Горд сум што ќе ја завршам репрезентативната кариера со настап во финале на Светското првенство. В недела ќе играм најдобро што можам, верувам дека ќе успееме да го исполниме сонот. Уживам на ова Светско првенство“, изјави Меси.
Вечерва се игра второто полуфинале на СП меѓу Франција и Мароко.