Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Лозана одлучи дека Спортинг Лисабон мора да му исплати на својот поранешен тренер Синиша Михајловиќ 3 милиони евра, иако Србинот беше на клупата неверојатни девет дена.
Михајловиќ го замени Жорге Жесус на клупата на Спортинг на 18 јуни 2018 година откако беше повикан од претседателот на клубот Бруно де Карваљо. Меѓутоа, веднаш потоа, бордот на клубот го отпушти Карваљо со Соуса Синтра, кој реши да му го прекине договорот по само девет дена.
Михајловиќ, кој во моментов се наоѓа на клупата на Болоња и се бори со леукемијата, бараше отштета од 11 милиони евра, но судот во Лозана реши да ја намали оваа сума.