Top Sport

Михајловиќ од болничка соба ги советувал фудбалерите на Болоња!

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, кој се бори со леукемијата, во текот на мечот на неговиот тим Болоња против Пиза во Копа Италија им делел совети на фудбалерите од својата болничка соба.

Помошникот на Михајловиќ, Емилио де Лео потврди дека со „видео-технологија“ Симке се поврзал со своите играчи при победата од 3:0 на гости кај Пиза.

„Јас со слушалки сум поврзан со Балди, уште еден помошник на тренерот, а тој е во директна врска со Михајловиќ. За среќа добро го познаваме Синиша и понекогаш ги предвидуваме неговите идеи, но важно е тој да е вклучен и фудбалерите да бидат горди на него“, изјави Де Лео за „Газета дело спорт“.

Михајловиќ на 13 јули објави дека боледува од леукемија и го започна лекувањето во болницата во Болоња.

Scroll to Top