Top Sport

Мијатовиќ: Доста ни е од Бејл, Винисиус е подобар

Предраг Мијатовиќ, еден од легендарните играчи на Реал Мадрид и поранешен спортски директор во клубот, смета дека вечерашниот натпревар на „кралскиот клуб“ против Барселона е последната шанса Герет Бејл да се докаже.

Велшанецот од почетокот на сезоната се мачи со повредите, поради што го нарекоа „човекот од стакло“. Тој не ги исполни очекувањата на навивачите дека ќе биде наследникот на Кристијано Роналдо.

„Бејл се соочува со бројни проблеми. Доколку Солари реши да го стави во почетниот состав тоа ќе биде последна шанса за него да се докаже. На сите ни е доста од него. Винисиус е подобар“, рекол Мијатовиќ и дополнил.

„Барселона има одличен напад. Можат да постигнат три гол а за пет минути. Лидери се во првенството. Сепак ова се играат два натпревари“.

Првиот полу-финален натпревар во Купот на Шпанија ќе се одигра вечерва во Барселона.

Бејл повторно се повредил

Scroll to Top