Милан потврди дека десниот бек Давиде Калабрија е новиот капитен на италијанскиот шампион. Ова е направено со видео објавено од клубот на Инстаграм, а во кое се истакнува капитенската лента.
„Изгледаш гордо, Давиде Калабрија“, објави Милан.
25-годишниот дефанзивец минатата сезона беше заменик капитен, веднаш зад Алесио Ромањоли, кој летово го напушти клубот како слободен играч и се приклучи на Лацио.
Калабрија, кој од тинејџерските денови е „росонер“, сега ќе биде прв избор за капитенската лента која ја носеа и легендарни дефанзивци како Франко Барези и Паоло Малдини.
Италијанскиот репрезентативец има 184 настапи со седум гола и 12 асистенции за првиот тим на Милан.
View this post on Instagram