Олимпик Лион го потврди трансферот на Бразилецот Лукас Пакуета од Милан за 21 милиони евра плус бонус од евентуалната следна продажба на фудбалерот кој беше најавуван како голема ѕвезда, но не успеа да остави таков впечаток.
23-годишниот Пакуета пристигна во Милан од Фламенго во јануари 2019 година за 38 милиони евра плус бонуси, но во ниту еден момент не успеа да се наметне кај „росонерите“. Под Стефано Пиоли тој не беше стандарден првотимец и на крајот ја завршува кариерата во Милано со еден гол и 3 асистенции во 44 одиграни мечеви.
Bem-vindo Lucas Paquetá ! ??#Paqueta2025 pic.twitter.com/Sqxk3ttQO3
— Olympique Lyonnais (@OL) September 30, 2020