Милан решија, конечно, да го купат своето седиште, „Каза Милан“, во инвестиција вредна 42 милиони евра, јавува „Калчо е финанца“.
Според нивните извори, Милан се решил на ваков потег шест години по изградбата на зградата на улицата Алдо Роси во Милано, а во договорот се вклучени и официјалната клупска продавница, билетарницата, ресторанот, музејот на Милан и дел од студијата за снимање.
Милан имаа опција да ја купат зградата од „Виторија асикурициони“, кои досега им ја изнајмуваа и за која само на кирија Милан последните шест години потрошиле 15.5 милиони евра.