Top Sport

„Милионерите“ го растурија Леверкузен (Видео)

Борусија Дортмунд го декласира Беар Лверкузен со 4-0 во дерби мечот одигран во рамките на четвртото коло во Бундес лигата. Победи во попладневните натпревари забележаа уште Мајнц, Аугсбург, Борусија Менхенгладбах и Вердер.

„Милионерите“ од Дортмунд се искупија за киксот кај Унион Берлин во минатото коло и пред своите гледачи го декласираа Баер.

Серијата на голови ја отвори Пако Алкасер во 28 минута. До крајот на првиот дел Хакими ја погоди гредата. Во вториот дел Ројс ја потврди предноста во 50 минута, а во финишот катастрофата на Баер ја потврдија Гереиро во 83 и Ројс со својот втор гол во 90 минута.

Резултати:

Аугсбург-Ајнтрахт 2:1
Келн-Борусија Менхенгладбах 0:1
Унион Берлин-Вердер 1:2
Мајнц-Херта 2:1

Вечерва во дербито на колото ќе играат Лајпциг и Баерн Минхен.

Scroll to Top