Борусија Дортмунд победи кај Хофенхајм во дербито на четвротто коло во Бундеслигата по кое на челната позиција се искачи Лајпциг.
Хофенхајм пред две недели го декласираа Баерн Минехн, меѓутоа без првиот стрелец Андреј Крамариќ не успеаја да избегнат пораз од Борусија Дортмунд. Дербито го реши капитенот на „милионерите“ Марко Ројс кој го постигна единствениот гол во 76 минута.
По четири кола Лајпциг се искачија на лидерската позиција. Лајпциг победија во Аугсбург со головите на Анхелињо во 45 и Поулсен во 66 минута.
Баер Леверкузен во Мајнц ја забележаа првата победа во сезоната. Во претходните три кола „фармацевтите“ играа нерешено со своите ривали. Од друга страна Мајнц го забележа и четвртиот пораз. Аларио го постигна голот со кој Леверкузен победија во Мајнц.
Гостинска победа во Берлин, кај Херта, забележаа фудбалерите на Штутгарт. „Швабите“ победија со 2:0 со головите на Кемпф и Кастро.
Без победник 1:1 заврши натпреварот помеѓу Фрајбург и Вердер.