Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го обележа второто коло во Премиер лигата на Шкотска. Миовски со два гола го предводеше Абердин до победата 4:1 над Сент Мирен. Очекувано тој се најде во идеалниот тим на колото.
Миовски за својата изведба доби просечна оценка 8,39. Подобро оценет од него е само играчот на Селтик, Жота (9,23).
Миовски пред три недели го официјализираше трансферот во Абердин. Од почетокот на сезоната одигра три натпревари (два во првенството и еден во Лига купот) и постигна три гола.