Top Sport

Винисиус: Во шпанската лига не бевме заштитени, јас и Родриго едвај „стигнавме“ до СП

Ѕвездата на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус Жуниор, смета дека тој и неговиот сонародник Родриго воопшто не биле „заштитени“ во шпанската Ла лига оваа сезона и дека е вистинско чудо што се дел од тимот за Светското првенство, а не доживеале посериозна повреда.

„Тоа што се случува на теренот треба да остане таму, но овојпат работите излегоа од контрола. Никогаш не сум се жалел за цврста игра, но понекогаш одбранбените играчи беа навистина ‘валкани’. Родриго и јас страдавме доста во последните мечеви и се плашевме од најлошото – да се повредиме пред Светското првенство. Кога стануваш поважен играч, противникот оди поцврсто на тебе и мораш да се навикнееш на тоа. Научив многу од Нејмар, кога тој беше во Барселона, од фаулите кои ги правеа над него. Исто како над Кристијано кога беше во Реал Мадрид. Карим Бензема ми објасни дека одат по тебе бидејќи се исплашени од тебе. Затоа кога ќе тргнам напред, одам силно и без страв“, вели Винисиус.

Scroll to Top