Лудата голгетерска серија на српскиот напаѓач на Фулам, Александар Митровиќ продолжи откако тој вечерва постигна гол за да помогне неговиот тим да стигне до 2:1 победа над Брајтон, што беше негов петти гол во пет кола во Премиерлигата.
Митровиќ претходно постигна два гола против Ливерпул, еден против Брентфорд и еден против Брајтон, и само не беше стрелец против Вулверхемптон, меч во кој промаши пенал. Митровиќ го отвори резултатот во 48. минута, за само седум минути подоцна Луис Данк да си постигне автогол за 2:0. Брајтон ја вратија неизвесноста во 59. минута, кога Алексис Мекалистер постигна гол од пенал за 2:1.
До своја втора победа оваа сезона не успеа да стигне и Кристал Палас на Патрик Виера, откако неизбежниот Вилфрид Заха ги донесе во водство против Брентфорд во 59. минута, за Јоан Виса во 88. минута да израмни на 1:1.