„Мускулест, во најдобра форма, отпорен на удари“ – вака шпанска „Марка“ пишува за Лука Модриќ. Човекот кој денеска го слави 36-от роденден е главната алка во хрватската репрезентација и во Реал Мадрид.
„Неговата форма е резултат на неговата индивидуална работа со луѓето од доверба. Модриќ со 36 години игра на највисоко ниво и со тоа ги помина легендите Чави и Пирло. Италијанецот со 36 години отиде во Њу Јорк Сити откако беше шампион на Италија и европски вицепрвак, а Чави на годините кои сега ги има Модриќ веќе беше во Катар. Ниту еден од големите фудбалски имиња на неговата позиција не се прости од фудбалот со битна улога во голем клуб“ пишува „Марка“.
Оттаму пишуваат дека при ковид-кризата тој не негодуваше кога фудбалерите добија намалување на платата.
Во кариерата настапи за 5 клубови, а со години е дел од Кралскиот клуб каде има 392 настапи и 28 гола.