Top Sport

Модриќ ја одбил астрономската понуда од Ал-Наср

Лука Модриќ ја одбил понудата на саудискиот клуб Ал-Наср, пишуваат хрватските медиуми. Новиот клуб на Кристијано Роналдо сака да го ангажира неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, но Модриќ не го убеди ниту понудата за годишна плата од 40 милиони евра.

Хрватскиот играч за врска е категоричен во желбата да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“. Иако има 37 години, Модриќ и понатаму игра на високо ниво и тоа го докажа на Светското првенство. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува на лето, но се очекува двете страни да постигнат договор за продолжување на уште една сезона.

Модриќ во тековната сезона во Ла Лига на 16 натпревари постигна три гола и забележа две асистенции.

Ал-Наср се обидува во Саудиска Арабија да донесе уште неколку ѕвезди на светскиот фудбал, меѓу нив и Серхио Рамос и Марсело.

Scroll to Top