Top Sport

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Kапитенот на Хрватска, Лука Модриќ, не става крај на репрезентативната кариера. По успехот против Мароко, тој потврди дека ќе игра за националниот тим и во Лигата на нации, каде Хрватите се пласираа во нокаут фазата.

„Последните години покажавме дека имаме квалитет, донесовме нова енергија, навистина имаме светла иднина. Овој турнир и на помладите ќе им помогне уште повеќе да напредуваат и како играчи и како луѓе. На мене ми требаа цели 12 години да освојам медал, неки тука се првпат и веднаш освоија медал.Планот е да останам и за Лигата на нации. Кога веќе дојдовме до финалето, учествував во сите тие натпревари, би било бесмислено да не ги одработам и тие натпревари, а потоа ќе видиме“, изјави Лука Модриќ.

Scroll to Top