Top Sport

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, е подготвен да остане на својата функција, тврди британскиот „Телеграф“. Според овој медиум, актуелниот кормилар на Англија искажал позитивни сигнали кои ги наведуваат челниците на ФА да веруваат дека тој ќе продолжи да ја води селекцијата.

Договорот на поранешниот дефанзивец е до крајот на 2024 година. Желбата на ФА е тој што поскоро да даде одговор дали ќе го исполни до крај. Се очекува конечната одлука да ја донесе на почетокот на следната година.

Првично се веруваше дека Саутгејт ќе поднесе оставка по елиминацијата од Светското првенство, но сега ситуацијата е поинаква.

Scroll to Top