Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, им посака на Лионел Меси и Аргентина да го освојат Светското првенство. Аргентина синоќа ја победи Хрватска со 3:0 во полуфиналниот дуел на Мундијалот, а Меси по четврти пат беше прогласен за играч на мечот на овој турнир.
Постигна гол од пенал, повлече контранапад и му додаде на Алварез за вториот гол, а потоа уште еднаш му асистираше по една неверојатна соло акција за конечни 3:0.
Лука Модриќ по натпреварот призна дека за него нема подобар фудбалер во историјата.
„Се надевам дека Лео Меси ќе го освои Светското првенство. Тој е најдобриот играч во историјата и го заслужува тоа“, изјави Модриќ.
Аргентинците го очекуваат ривалот во финалето, а ќе го добијат вечерва по вториот полуфинален дуел меѓу Франција и Мароко.