Top Sport

Нови хаотични сцени во Франција – навивачите на Сент-Етјен ја запалија мрежата!

Францускиот фудбал повторно ни носи беснеење на навивачите и проблеми на трибините, откако лутите навивачи на Сент-Етјен го искажаа своето незадоволство од катастрофалниот старт на сезоната со фрлање на факли на теренот пред стартот на мечот со Анжер, палејќи ја мрежата на голот и предизвикувајќи мечот да биде прекинат пред да почне.

Сент-Етјен, клубот кој има освоено рекордни 11 француски титули (ПСЖ е втор со 9 круни) има катастрофален старт на сезоната со четири ремија и шест порази во првите 10 кола и се наоѓа на последното место на табелата. Навивачите подолго време бараат отказ за тренерот на клубот, Клод Пуел.

Scroll to Top