Top Sport

Модриќ вечерва може да испише историја во Реал

Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Лука Модриќ има можност повторно да се запише во историјата на Реал Мадрид.

Ако играчот од средниот ред вечерва настапи за Карлскиот клуб на гостувањето на „Џузепе Меаца“ против Интер во ЛШ, ќе стане вториот фудбалер во историјата на мадридскиот клуб кој заиграл во ЛШ со 36 или повеќе години.

Пред него, ова единствено му успеало на Чендо, легендарниот десен бек на Реал кој за 16 години поминати на „Сантијаго Брнабеу“ собрал 363 настапи и освоил се што можело да се освои.

Се очекува Модриќ вечерва да влезе во игра барем како замена иако пред 3 дена имаше сјаен меч за Реал против Селта.

Играше до 79 минута во победата на неговиот тим, а потоа со овации од околу 20.000 гледачи беше испратен од теренот.

Scroll to Top